Борис Новковиќ чека бебе со 25 години помладата сопруга откако објавија дека се разведуваат

Хрватскиот музичар Борис Новковиќ четврти пат ќе стане татко. Неговата сопруга Ирис Волф е бремена, шест месеци откако двојката најави дека се разведува. Ова ќе биде нивно второ дете.

„Вистина е, семејството расте. Сите сме среќни, доаѓа уште едно момче во фамилијата. Одлучивме кое име ќе му го дадеме на нашиот син, но сепак нема да го откриеме и ќе го задржиме за себе“, рече тој за хрватски „Стори“.

Претходно, Борис и Ирис беа актуелни во јавноста заради нивниот развод. Во септември лани, медиумите пишуваа дека Ирис се иселила од семејниот дом. Сепак, тие ја надминаа брачната криза, и во април ќе добијат бебе.

„Следниот месец ќе имаме две причини за славење, вториот роденден на нашата ќерка Си на 2. април, а потоа и раѓањето на нашиот син“, рече тој за хрватските медиуми.

Освен ќерката Си што ја има со Ирис, Борис од бракот со новинарката Луција Матиќ ги има синовите Ноа и Боно.

Scroll to Top