Бос и по шорц Ѓоковиќ игра тенис со деца на Корчула

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ наскоро го започува Мастерсот во Синсинати, а во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија фотографии од неговиот одмор во Хрватска.

Ѓоковиќ по поразот на Вимблдон со семејството заедно летуваа во Хрватска и Црна Гора.

Фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се од островот Корчула.

Новак играл тенис со деца кои ги запознал на островот. Децата направиле терен од две клупи, а потоа им се придружил и тој.

Одиграле неколку натпревари и на крајот спортски им честитал на противниците.

Scroll to Top