Босанац ја расплака Вики Миљковиќ: Ги уништуваш пејачите како што си го уништи мажот

By

Драган Стојковиќ-Босанац ја навреди и расплака Вики Миљковиќ на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Откако се скараа, оти не се согласија околу тоа како испеал еден од кандидатите на Вики, Босанац пред сите ѝ кажал дека ги уништила кандидатите на кои им е ментор.

„Вики ти не знаеш како треба со кандидатите. Ги уништуваш, исто како што го уништи и твојот сопруг Ташке. Одлични пејачи сега се просечни“, ѝ рекол Босанац.

По ова, Вики го прекинала снимањето, се расплакала и побарала да отиде во својата гардероба за да се смири, пишува магазинот „Стар“. По неа тргнала Снежана Ѓуришиќ, која сакала да ја утеши, па ѝ рекла дека Босанац не го мисли тоа сериозно и дека само избрзал со реакцијата.

Откако Вики се вратила на снимањето, Босанац ѝ се извинил и ѝ кажал дека ќе внимава како реагира во иднина. Тој  побарал од Саша Поповиќ да се тргне делот каде што Вики плаче, но пејачката не сакала.

„Нема потреба да кратиме, сите некако слушнат што кажуваш“, рекла Вики.

Емисијата ќе се прикажува оваа сабота.

Ќе ви се допадне