Босанската пејачка Сунита Хиндиќ Бошњаковиќ, самата се пријавила во полиција дека го убила 55-годишниот Нино Иванковиќ, сопственик на мотел во местото Буна близу Мостар. 21-годишната пејачка, според локалните медиуми веднаш била уапсена. Таа го чекала Иванковиќ во мотелот и пукала во него од зад грб. Извори на полицијата велат дека Сунита најверојатно убиството не го извршила сама. Таа била донесена од Травник во Мостар со инвалиска количка, со нозете во гипс, кои, наводно ги скршила бидејќи паднала додека бегала.
Сунита и претходно била приведувана од полицијата за насилство и арогантно однесување.
Според босанските медиуми, Сунита најчесто пеела по кафеани, а преку Фејсбук се фалела дека била избрана за Мис на Херцеговачко-неретванскиот кантон во БиХ. Таа неколку пати за медиумите во Србија и Босна изјавуваше дека е бремена и дека татко на детето е српскиот пејач Стефан Јаковљевиќ, кој ја терал на проституција. Стефан потоа негираше дека ја познава.