Бред Пит го глумел синот на Милена Дравиќ и бил страствен фан на Црвена Ѕвезда

Малку е познато дека Милена Дравиќ во својата кариера играла во ист филм со Бред Пит. Бред во филмот  „Темната страна на сонцето“ снимен во 1988 година во Југославија, играл млад Американец и во филмот се појавил како син на Милена Дравиќ, која семејството го носи на Јадран во потрага за лек против ретка кожна болест.

„Се сеќавам дека јас како негова мајка, во филмот имав некои психички проблем. Со него тогаш глумеше една американска актерка, но таа подоцна не постигна ништо во светот на глумата, додека тоа симпатично момче стана ѕвезда на Холивуд, изјави пред неколку години Милена Дравиќ.

„Го избрав на кастинг во Metro Goldwyn Mayer меѓу 400 пријавени кандидати. Во најтесниот круг беа тројца актери и тогаш немав дилема на кого да му ја дадам улогата. Кога му реков дека е избран тој избега надвор на тревникот и почна да скока од среќа и да прави ѕвезди. На почетокот на деведесетите, кога Црвена ѕвезда хараше низ Европа, тој дојде да ме посети во Белград“, изјави режисерот Божидар Николиќ кој на Бред Пит му ја дал првата улога.

Николиќ вели дека го одвел Бред и на натпревар на кој гласно навивал за Ѕвезда. Тоа го потврди и неговата ќерка Јована која Бред го нарекувала мајмунче. Таа пред неколку години за српски „Свет“ изјавила дека актерот играл со неа кога била мала и дека со нејзиниот татко оделе насекаде па дури и на мечевите на Црвена Ѕвезда, тим на кој Бред бил жесток фан.

Scroll to Top