Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака, со актерките Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, а моментално ужива во врската со 29 години помладата Индес де Рамон. Сепак, никој не знаеше дека Бред и се додворува на српска актерка, пишуваат српските медиуми.
Дијана Гудиќ, која со години гради актерска кариера во Америка, а неодамна привлече огромно внимание со новиот филм „Импулс“, гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ и во оваа прилика откри дека холивудски заводник и’ пишал неа.
View this post on Instagram
Имено, кога водителот ја праша Дијана кој актер и е привлечен, таа одговори вака:
– Знаете, не можам да одговорам на ова прашање, бидејќи секогаш кога убава жена ќе каже кој е убав меѓу познатите, тој и пишува на Инстаграм – изјавила Дијана, по што признала дека Бред Пит и пишал.
-Ме прашаа која од познатите личности ми е убава, реков Бред Пит… па ти сега види го контекстот, но јас не одговорив на пораката, бидејќи тогаш имав момче, тој имаше сопруга – изјави Дијана.
Русокосата убавица заминала во Америка на многу млада возраст, на убедување на нејзините родители кои верувале дека САД ќе и пружат повеќе шанси за успех од родната Босна и Херцеговина.