Бреговиќ ја блокирал Северина поради долг од 30 илјади евра

Северина не може да издаде нов албум, а причината наводно е долгот кон Горан Бреговиќ. Според медиумите, пејачката веќе две години најавуваше издавање нов албум, но тоа досега не се случи. Иако е во пријателски односи со композиторот, тој не ѝ дозволува да ја објави песната чиј автор е тој додека таа не му плати 30.000 евра.
Српските медиуми пишуваат дека Брега минатото лето ѝ испратил порака на Северина и прашал кога ќе му биде платено за песната. Наводно Северина одговорила дека моментно нема пари за песната, на што Брега ѝ рекол дека песната ќе почека додека не ги добие парите.
Според српските медиуми, Северина и Брега имале сличен проблем пред 15 години кога ги напишал речиси сите песни за нејзиниот албум „Здраво, Маријо“.
За потсетување, Бреговиќ беше продуцент и мнозински автор на албумот на Северина „Здраво, Маријо“ од 2008 година. На него беа објавени десет песни, а омилени на балканската публика ѝ беа „Гас, гас“, „Тридесете“ и други.

Scroll to Top