Бремената ќерка на Шабан Шаулиќ заразена со корона

Пејачката Илда Шаулиќ, ќерка на починатиот пејач Шабан Шаулиќ, е позитивна на Ковид-19. Таа дознала дека има неколку дена откако направила тест за бременост. Пејачката преку „Инстаграм“ ги сподели двете вести со фановите, но вели, нема симптоми и ќе се чува. Негативни на корона се нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ и ќерката Ема.

Пејачката неодамна откри дека со сопругот веќе четири години се обидуваат повторно да станат родители, па сега напиша дека е пресреќна што пак ќе има дете.

Scroll to Top