Брена и Боба се тужат со кумовите, семејниот бизнис го растури кумството

Српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живиновиќ се на суд, каде што се тужат своите кумови, пишуваат српските медиуми.

Засега не е познато за што точно станува збор, но нивни блиски пријатели велат дека тоа има врска со семејниот бизнис на Боба и неговата винарница. Тие исто така велат дека тој, најверојатно, и ќе излезе како победник во целиот процес.

За потсетување, Боба е познат по својот бизнис со виното, а минатата недела во Унгарија ја добил наградата за најдобро вино во организација на винскиот магазин Pecsi Borozo. Од 130 дегустирани вина, трофејот го поделиле двајца Срби, од кои едниот е Боба.

„Нашиот пријател и сопственик на винарница беше вистински иницијатор на целата оваа приказна. Подоцна станавме и кумови. Мојот син Стефан го крсти неговиот син, а тој е исклучително вреден човек и можеби најголемиот производител на нектарини (близок род на праските) на овие простори“, рече Боба за својот пријател со кого се тужат.

Но, и покрај тужбата, тие велат дека ќе продолжат да уживаат во пријателствата, патувањата и дружењата на разни патувања.

 

Scroll to Top