Брена лута на синот, за пет часа со девојката потрошиле 10.000 евра

Фолк-ѕвездата Лепа Брена му се налутила на синот Виктор, кој со девојката Сандра изгубиле 10.000 евра во казино во Монте Карло. Според српските медиуми, Брена ги поканила Виктор и неговата девојка да ѝ се придружат во Монако, каде што има стан, но не очекувала дека од аеродром ќе отидат веднаш во казино, каде што ги изгубиле сите пари.

„Ова е прво патување на Сандра во Монако. Таа сака да ја посети целата земја, но Виктор првин ја однесе во казино. Девојката имаше почетничка среќа и на слот-машините доби над 3.000 долари! Од таму таа и Виктор отишле на рулет, а тој изгубил сè што добила Сандра, но и сите пари што ги однеле во Монако. Таа ми кажа дека потрошиле околу 10.000 евра за пет часа во казиното, па со празни џебови се вратија во станот на Брена и Боба“, раскажала пријателка на Сандра за „Еспресо.рс“.

Според магазинот, Виктор побарал од Сандра таа да разговара со мајка му затоа што бил убеден дека ќе биде поблага кон неа. Сандра ѝ објаснила дека тие најпрвин добиле многу пари, а потоа изгубиле сè.

„Брена тогаш почнала да вика и им се заканила дека ќе ги прати назад во Белград со првиот авион. Боба ја поддржал Брена и му рекол на својот син дека треба да се срами. Но, веќе следниот ден се смирија и беа на патување до Ница“, додала пријателката.

Таа рекла и дека Сандра ѝ ветила на Брена дека никогаш повеќе нема да влезе во казино.

Scroll to Top