Брена му ја скршила раката на Боба на првиот состанок

Српската пејачка Лепа Брена во документарецот „Лепа Брена – Години на Сладок грев“, открила неколку интимни ситуации кои ги доживеала со нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ за време на нивната прва средба.

„Се договоривме да се најдеме во Нови Сад. Јас тргнав на местото на средбата. Застанав на семафор и го видов Боба на другата страна како чека и ги шири рацете. Во тие моменти си замислив како трчам кон него, како на сцена од филм. Се вртиме двајцата, но малку забавено. И јас навистина почнав да трчам кон него. Му скокнав во прегратка, но двајцата паднавме, а Боба ја скрши раката“, се присетува пејачката.

Боба вели дека не знаел колку Брена била тешка во тие моменти.

„Мислам дека никогаш во животот не возев толку брзо низ улиците на Нови Сад, за да стигнам на мојот прв состанок со Брена. Можев да подигнам сè во животот, но таа беше толку тешка, што не успеав да ја додржам“, вели Боба.

 

Боба имал во план да ја запознае Брена многу порано од нивната прва официјална заедничка средба. Таа требало да пее на некои од неговите тениски турнири, но нејзиниот менаџер, кој подоцна им станал и кум на свадбата, не можел да ја ослободи од густиот распоред.

„Кога Брена ми се доближи прв пат ми кажа – Па каде си ти сите овие мои години? – Тоа беше судбинска средба, а првите месеци морам да признаам дека ни беше многу тешко. Секој слободен момент го користевме за да бидеме заедно“, раскажува поранешниот тениски шампион.

 

Scroll to Top