Брена: Најубава работа на светот е кога вашите деца ќе добијат свои деца

Малиот Александар донесе радост во семејството Живојиновиќ, вели српската пејачката Лепа Брена. Пејачката заедно со најблиските деновиве го прославува раѓањето на нејзиниот внук.

Брна вели дека додека Александра Пријовиќ се опоравува од породувањето во приватна болница во Белград, таа заедно со сопругот Боба и мајките на Пријовиќ и Филип, Борка и Зорица Накиќ, ги прават сите подготовки во куќата за пристигнувањето на бебето.

„Многу сме возбудени и радосни. Со денови чекавме да се роди бебето. Филип ни јави дека се е во ред и дека стигна Александар. Возбудата и среќата која ги чувствуваме се неопишливи. По раѓањето на вашите деца ова е најубавата работа која може да ви се случи на светот. Во овие години едноставно ништо не може да ве усреќи повеќе од внуче. Се е подготвено за дочек на Александар“, вели Брена.

Откако се омажи за Боба Живојиновиќ, Лепа Брена го има прифатени Филип, неговиот син од првиот брак, како роден брат на нејзините двајца синови, Стефан и Виктор. Браќата на Филип веќе готват план со што да го подучуваат нивниот внук, а Брена вели дека е пресреќна што бебето ќе биде опкружено со три баби.

„Не се важни титулите и не е важно како нас ќе не вика. Важно е да биде опкружен со љубов и внимание и да израсне во секаква смисла во здраво дете. Немем сомнеж дека така и ќе биде. Мајките на Филип и Александар, не ги тргаат насмевките од лицата. Постојано сме заедно и сите сме на групна прошетка. Добиваме фотографии од породилиштето од Алекандра и Александар“, вели Брена.

Многумина сметаат дека Александра откако се омажила за Филип станала размазена, затоа што е снаа на Брена и Бобан. Сепак Брена вели дека таа е многу скромна и фина и дека е милничка во целото семејство.

„Мене ми е жал што Александра никогаш не барала премногу иако го можеше тоа. Филип сигурно би и ги исполнил сите нејзини желби. Таа е нашата миленичка, принцеза и сите ја сакаме. Таа е едно сериозно женско засилување во нашата фамилија“, вели фолк пејачката.

Scroll to Top