Бугарскиот пејач Денис Теофиков загина фрлајќи се од балконот на станот на својата девојка

Бугарскиот пејач Денис Теофиков, загина по пад од 7 кат од зградата во која живеела неговата девојка Алекса. Тажната вест ја пренесоа неговите колеги Лорена и Антонио.  Засега причината за падот не е позната, а медиумите пренесоа дека таа се случила во близина на Царско село.

Денис со Алекса, која наводно била шминкерка, бил во врска само неколку месеци, а претходно се забавувал со неговата колешката Десита.

„На 21 година не напушти еден од најдобрите млади изведувачи на музичката куќа „Пајнер“. Засекогаш ќе остане во нашите срца како младо и бескрајно талентирано момче кое за кратко стана идол и успеа да доминира кај публиката со својата харизма и целокупните хитови. Буквално блескаше на сцената“, рече неговата колешка Лорена.

Компанијата „Пајнер“, која го продуцираше младиот пејач, ја потврди тажната вест, но не ја откри вистинската причина за смртта.

„Секогаш ќе се сеќаваме на енергијата што ја внесуваше во сè што правеше, а особено во музиката, енергијата што ја даде на сите нас. Со голема тага се разделуваме со тебе Денис. Но ти остануваш засекогаш во нашите срца“, рекоа од „Пајнер“.

Scroll to Top