Чекај ме горе да го отпееме дуетот: Владо Калембер се прости од Вучиќ

Во  понеделникот  почина македонскиот водител и музичар и композитор Драган Вучиќ.  Тој неколку дена бил сместен на Инфективната клиника во Скопје каде по влошување на неговата здравствена состојба ја изгубил битката со коронавирусот.

Неговите пријатели, колеги, соработници преку социјалните мрежи со емотивни статуси се простија од водителот.

Вчера од него се прости и хрватскиот пејач Владо Калембер. Тој на „Инстаграм“ со емотивна порака се збогува со својот пријател.

„За жал, изгубив уште еден одличен пријател, еден од најпознатите македонски ТВ-водители. Тажно. Збогум стари. Кога и да ми се јавеше, велеше: ‘ Здраво, стари!’ Неодамна ми испрати една од твоите песни за да снимиме дует. Еднаш кога и јас ќе заминам горе ќе ја понесам таа снимка, па ќе ја отпееме“, напиша Калембер.

Scroll to Top