Да не беше богат и славен, ќе те викаа свиња: Огњен Амиџиќ го навреди Дарко Лазиќ

Пејачот Дарко Лазиќ и водителот Огњен Амиџиќ неодамна беа гости во популарното шоу „Магазин ин“ на Сања Маринковиќ. Тие зборуваа за животните навики, а Лазиќ во емисијата раскажа и како успеал од 142 килограми да дојде на 72. Во интервјуто Дарко кажал дека кога бил дебел, имал секс со најубавите жени.

„Најубавите жени ги имав тогаш. Јас сам со себе не би бил како што изгледав, да бидам искрен. Ама тие секогаш ми велеа дека сакаат буциња, мечиња“, рекол Дарко.

Неговиот одговор го прекинал Амиџиќ со навредлив коментар: „Да не си познат и богат, би ти рекле свиња, а не мече“.

По ова, водителката ги замолила да се воздржат од непристојни коментари, иако Дарко и Огњен се познаваат со години и важат за добри пријатели.

 

Scroll to Top