Да ѝ се смириш на мајка ми или ќе те оставам ѝ рекол Новак Ѓоковиќ на Јелена

Тенисерот Новак Ѓоковиќ по триумфот во Рим ѝ се заканил на неговата сопруга Јелена, дека ќе ја оставел, ако не се смиреле со мајка му, пренесоа медиумите. Јелена и Дијана наводно биле скарани веќе подолг период, а Ѓоковиќ не сакал премногу да се меша во нивната врска.

Мајката на Ноле во една прилика призна дека не поддржува некои од работите кои ги прави нејзината снаа но, се труди да не се меша во животот на нејзиниот син. Извор близок до Ноле рече дека тој ќе се обидел за време на одморот да ги смири двете.

„Ноле не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Но, работите отидоа предалеку откако Дијана во една емисија рекла дека им дозволува на внуците да јадат сè. Јелена рекла дека тоа е непримерно да го кажува во јавност, Новак ѝ објаснил дека би било убаво двете да седнат и да разговараат“, открива изворот за „Стар“.

Тој додаде дека пред две години Јелена ѝ кажала на Дијана нешто што многу ја повредило и дека треба да ѝ се извини за тоа за да можат да продолжат нормално да функционираат.

„Ноле ѝ објаснил на Јелена дека не му треба тој притисок што му го прави и дека може да имаат проблеми доколку двете не се смират. Тој не сака да избире меѓу неа и мајка му, а Јелена пак е изненадена што тој не застанал на нејзината страна“, додаде изворот.

За потсетување, Новак и Јелена се запознаа во 2005 година на тениски турнир во Белград, а по три години јавно објавија дека се во врска.

„Нормално и природно е Јелена да преземе некои работи. Не би било добро јас да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и своја оаза, а Јелена прави некои работи на свој начин што не го поддржувам“, призна Дијана Ѓоковиќ во интервју за Блиц.

Да потсетиме, Новак и Јелена својата голема љубов ја крунисаа со брак на 10 јули 2014 година. Сега тие се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара.

Scroll to Top