Даниел Поповиќ го тужи Д Викенд за плагијат

Познатиот југословенски музичар Даниел Поповиќ изјави дека ќе го тужи својот американски колега Д Викенд за плагијат.

Поповиќ, како што пренесува Индекс.хр тврди дека мелодијата на песната „Сејв д тиарс“ го потсетува на неговата песна „Знам да ти си та“ од 1994 година.

Затоа, вели тој, првпат во животот решил да тужи некого за плагијат.

„Ангажирав адвокатска канцеларија, издавачка куќа која некако ќе стане сопственик на оваа песна за да продолжиме со неа, па тој договор е веќе во подготовка. Ќе се потпише и потоа ќе се преземат мерки“, изјави Поповиќ за ИН Магазин.

Поповиќ по потекло е од Подгорица, а од седумдесеттите живее во Загреб. На тамошната публика и е најпозната по песната „Џули“, со која ја претставуваше Југославија на Евровизија во Минхен во 1983 година.

Scroll to Top