Данијела Мартиновиќ со концерти на Антички во Охрид и Хераклеа во Битола

Хрватската ѕвезда Данијела Мартиновиќ ќе одржи два концерта под отворено небо во Македонија. Таа на 6 август ќе пее на Антички во Охрид, а на 7 август ќе има концерт на Хераклеа во Битола.

Популарната пејачка пред македонската публика ќе се претстави со проектот „Неописиво“, кој го промовираше првпат лани во Скопје, еден месец пред почетокот на пандемијата. Таа ќе ги испее своите најголеми хитови, во малку поинаков аранжман, а пред публиката ќе чита и поезија, од нејзините книги.

Организатор на концертот е „Авалон продукција“. Билетите за концертот во Битола чинат 600 денари, а влезниците се Антички се 700 денари за трибините и 1000 денари за вип-седење пред бината.

Scroll to Top