Дарко Филиповиќ од „Гранд“ повреден во сообраќајка

Фолк-пејачот Дарко Филиповиќ од „Ѕвездите на Гранд“ имал сообраќајна несреќа во Белград, во населбата Медаковиќ. Според српските медиуми, тој не е виновен за несреќата, туку другото возило кое удрило во него додека Дарко вртел на крстосница.

И Дарко и возачот на другото возило се повредени и пренесени во болница. Колата на поранешниот натпреврувач на „Гранд“ е речиси целосно уништена.

Scroll to Top