Дарко Лазиќ и официјално се разведе од Ана Савиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ денеска и официјално се разведе со неговата поранешна сопруга Ана Севиќ. Пејачот вели дека додека го чека породувањето на неговата вереница Марина, тој се сретнал со Ана за да ги потпишат документите.

„Штотуку се разведов. Само што пристигнав од Белград. Јас и Ана официјално сме разведени. Сè помина во најдобар ред. Двајцата се согласивме со условите и сè мина во најдобар ред. Потпишавме“, изјавил Лазиќ и додал дека се кае што тоа не го направиле многу порано.

„Таа има свој живот веќе подолго време, исто како и јас. Требаше тоа да го направиме многу порано“, изјавил Лазиќ.

 

 

Scroll to Top