Дарко Лазиќ направи список со колку жени имал секс, па се пофали јавно

Српскиот пејач Дарко Лазиќ во шоуто на Огнен Амиџиќ откри дека во минатото правел список на имиња на жените со коишто имал секс. Тој во интервјуто рече дека на списокот има 358 жени и дека списокот го правел до 2011 година, а потоа престанал.

„358! Имам список дома. Тоа ми беше интересно, но во 2011 година престанав да пишувам. Можам да ти фотографирам и да ти го пратам списокот. Има некои за кои не треба да се знае“ рече Дарко во шоуто.

„358? Одличен број! 2011 беше пред осум години, којзнае колку се до сега“, искоментирал на тоа водителот.

По ова Дарко рекол дека бројот оттогаш не е многу зголемен, зашто беше во брак со пејачката Ана Севиќ, а сега е верен, па нема секс со други жени.

Scroll to Top