Дарко Лазиќ првпат прозборе за сообраќајната несреќа

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ за телевизија „Пинк“ првпат прозборе за сообраќајната несреќа што се случи пред два месеца. Тој во интервјуто демантира дека бил пијан додека возел.

„Се каам поради сè, што се доведов себеси до оваа состојба. Но ова може да му се случи на секој, не мора да си пијан за да имаш сообраќајна несреќа. Не возев пијан како што пишуваа медиумите. Јас заспав од умор“, рекол Дарко во интервјуто.

Тој додал дека сè уште не ги видел сликите од несреќата оти не сакаат да му ги покажат, а рекол и дека не се сеќава што се случило таа вечер.

„По операцијата се сеќавам на сè, но дотогаш, за тоа како излетав со автомобилот, како стигнав до болница, немам поим. Сега се чувствувам многу подобро. Ќе ми треба време за да закрепнам, но ќе застанам на нозе. Вежбите се тешки, но се трудам, знам дека морам“, рекол Дарко.

Лазиќ во моментов е на рехабилитација во бања, каде што беше пренесен од болницата во Белград. Таму ќе остане уште еден месец.

Scroll to Top