Пејачот Дарко Лазиќ и пејачката Ана Севиќ се разведоа по повеќе од една година откако ја почнаа судската постапка, пишуваат српските медиуми. Сега, откако разводот е официјален, тој почна да ја планира свадбата со Марина Гајиќ со која чека дете.
Според договорот, 27-годишниот Дарко на Ана (33) ѝ го оставил станот, а таа го добила и старателството над ќерката Лорена. Документите за развод ги потпишале на 17 мај.
„Ана и јас сме цивилизирани луѓе, и во одлични односи сме, затоа што отсекогаш сме биле пријатели, а имаме и ќерка што ја сакаме најмногу на целиот свет. Таа ќе живее со Ана, а два викенда во месецот ќе биде кај мене. Ќе се договараме за празниците и за родендените. Сега е најважно Лорена да е среќна“, рекол Дарко за српски „Курир“.
Пејачот додал дека неговата ќерка се радува што ќе добие брат и дека момчето ќе се вика Михајло.
„Сега конечно можам да ја планирам свадбата со Марина. Таа е среќна, бебето е добро и постојано расте. И лага е дека сум ја избркал од дома, новинарите пишуваат се што ќе им текне“, рекол Дарко.