По две години, Северина го доби старателството над синот

Хрватската пејачка Северина откри дека синот Александар е повторно со неа по 20 месеци борба за старателство. На концертот во Црна Гора таа ја изненади публиката, па пред да ја испее песната „Роѓено моје“, која му е посветена на Александар, таа рече дека првпат нема да плаче, туку ќе ја пее среќна.

„Се случуваат убави работи. Не можам да ви кажам за што точно се работи, но детето ми се врати дома. Ви благодарам на поддршката на сите, пееме насмеани, со солзи радосници“, рече Северина.

Пејачката пред речиси две години го загуби старателството над синот кога судот во Загреб му го додели детето на нејзиниот поранешен партнер, бизнисменот Милан Поповиќ. Тогаш судот одлучи дека Северина може да го гледа само неколку часа неделно и да се заедно два викенда месечно.

Пејачката пред една недела се разведе и од сопругот Игор Коиќ, со кого беше седум години во брак, а во јавноста се шпекулира дека тие се разведуваат за таа да може да го добие назад старателството над синот.

Scroll to Top