Тапанарот на Дино Мерлин, Амар Чешљар, беше избркан од бендот по неговата скандалозна изјава дека би испратил тенк на Хрватите кои во Мостар протестираа против Жељко Комшиќ.
Жељко беше избран со гласовите на Бошњаците во Претседателството на Босна и Херцеговина, за да ги претставува Хрватите. Ваквата негова реакција предизвика згрозување кај хрватската јавност во таа земја.
По објавата на информациите за протестите кои ги потикнаа студенти против наметнувањето на пробошњачкиот политичар со хрватско потекло, Жељко комшиќ, се јави бубњарот на Дино Мерлин, кој даде коментар за еден портал од Сараево.
„Треба да се испрати тенк. Ова е лудило. Нема тука глави за разговори“, изјавил Чешљар, а неговиот испад наиде на поддршка, но и остра критика.
Неговиот јавен настап го коментираше и самиот Дино Мерлин.
„Разочаран сум тажен сум и остро ги осудувам постапките на Амар, кој со своите неумесни коментари нанесе немерлива штета на тимот професионалци и уметници кои со мене работат веќе неколку децении ширум светот и пропагираат љубов, мир и добро. Сите мои соработници добро знаат дека мојот животен светоглед на никој начин не исклучува било каков народ или поединци и дека во мојот тим нема место за оние чии ставови изразуваат и повикуваат на национална, расна, религиска или каква било друг вид на нетрпеливост. Поради непочитувањето на основните принципи на кои се заснова нашето дејствување, одлучив да ја откажам понатамошната соработка со Шешљар. Овој пат повикувам и на разумно дејствување за да се превземе одговорноста за своите зборови и дела. Да бидеме кректив едни на други и да изградиме толерантна иднина. Со почит, Дино Мерлин“, стои во соопштението.