Дино Мерлин го сруши рекордот: Концертот во Сараево го распродаде за еден ден

Сите билети за концертот на Дино Мерлин на стадионот „Кошево“ во Сараево беа распродадени за само еден ден. Почетокот на продажбата за концертот што е најавен за 31 јули ги надмина сите очекувања, со повеќе од 500.000 посети и речиси 5 милиони прегледи на страницата за продажба на билети, пренесува „Дневни аваз“.

Обожавателите чекаа од утрото вчера и денес на продажните места и на adriaticket.ba за да ги добијат своите билети. Оваа рекордна посетеност потврдува дека петтиот концерт на Дино Мерлин на „Кошево“ ветува спектакл што ќе влезе во историјата на босанската музика.

„Дневни аваз“ пишува дека досега ниту еден настан во Босна и Херцеговина не генерирал таква побарувачка за толку краток временски период, што ја прави оваа продажба не само технички предизвик, туку и културен феномен.

Откако првиот објавен датум веќе беше распродаден, поради огромниот интерес на публиката, беше потврден дополнителен концерт, кој ќе се одржи во сабота, 1 август 2026 година.

„Моја прекрасна, прекрасна публико. Немам зборови, освен дека без вас ова не би било можно. Ова е нашето лето. Заедно создаваме историја. Се гледаме на 31-ви и 1-ви во Кошево!“, рече Мерлин.

фото/епа

Scroll to Top