Дино Мерлин: Кога бев тешко болен, размислував да ја оставам музиката

By

Пејачот Дино Мерлин, во емисијата „Во свој филм“, на „ХРТ“, раскажа за тешкиот живот во минатото и дека постоело моменти кога тој бил сериозно болен. Тој објасни дека кон крајот на деведесетите години, неговата болест била толку сериозна, што размислувал повеќе да не се занимава со музика.

„Ова за првпат го откривам во јавноста. Имаше период во мојот живот кога бев серизно болен. Бев депресивен.Не бев заинтересиран за ништо. Не ме интересираше ниту животот ниту смртта. Еден период се чувствувва како билка. Такво нешто не му посакувам на никого. Секакви работи ми паѓаа на ум. Еден период и сериозно размислував да ја напуштам музиката. Но, сепак решив да продолжам. Тогаш се сеќавам дека го снимив албумот „Средином“, на кој сум особено горд“, изјавил Мерлин во емисијата.

Тој раскажа за својата долга и успешна кариера, но откри и многу приватни работи од својот живот. Откри дека работел и во фабрика за кревети и како песните ги пишувал на мрсна храна. На колегите им кажувал дека еден ден ќе стане познат. Откри и за неговата сопруга, за која вели дека успеал да ја киднапира од нејзините родители, кои биле против нивниот брак.

Ќе ви се допадне