Познатиот пејач Дино Мерлин веќе со децении прави хитови, но овојпат тој ја пркоментирал актуелната тренд музика која се слуша во регионот.
„Денес на публиката и се презентираат по две илјади песни. Луѓето снимаат, ставаат на друштвените мрежи, во такво време живееме. Денес во работата во која се наоѓам и јас, каде талентите брзо се менуваат, голема среќа е да останеш таму каде што си. Некогаш кога почнував беше правило да бидеш автентичен и препознатлив на публиката како некој интересен кој привлекува внимание, што денес не е случај“ – изјави искрено пејачот.