Драган Бјелогрлиќ: Роден сум во Југославија, тука ќе умрам

By

Српскиот глумец, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ, во едно интервју за српските медиуми рекол дека иако Југославија одамна е распадната, тој и денес се чувствува како да живее во оваа земја. Вели, луѓето што живеат на овие простори и понатаму ги чувствува како свои, па за него нема разлика меѓу Србин, Македонец или Босанец.

dobivaj vesti na viber

„Јас навистина верувам дека ние сите сме едно. Роден сум во Југославија и во неа и ќе умрам. Каде и да одам низ регионов се чувствувам како дома, сите ние исто се однесуваме и нема разлика. Сигурен сум и дека ако останевме сите заедно да функционираме ќе бевме многу посреќни и би ни било многу полесно“, рекол Бјелогрлиќ.

Популарниот Бјелогрлиќ слична изјава имаше и лани во интервју за „Репортер“. Тогаш рече дека осумдесеттите години биле најубавото време да се живее во Југославија.

Драган Бјелогрлиќ: Осумдесеттите беа најубавото време да се живее во Југославија

Ќе ви се допадне