Драган Николиќ пред смртта сакал да се запознае со Новак

Легендарниот српски глумец, Драган Николиќ, пред смртта сакал да го запознае најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ. Ова го откри тенискиот експерт Радмило Арменулиќ, чии венчани кумови биле Драган Николиќ и Милена Дравиќ. Тој и Милена договарале средба на Драган и Новак во 2016 година, но, глумецот паднал во кома и починал, па желбата никогаш не му се исполнила.

„Милена Дравиќ разговараше со Ноле на телефон повеќе од еден час нешто пред неговата смрт за да му приреди изненадување. Во тоа време, бевме на вечера организирана од Дејвис Купот што се играше во Белград. Во еден момент, сопругата ми се јави, била заедно со Милена и побара да му го дадам телефонот на Новак, кој седеше до нас. Тој стана од вечерата и разговараше со неа еден час. Потоа ни раскажа дека разговарале за Гаге, за животот, тенисот, театарот, разни работи, што направил… Новак сакаше да го посети Драган, прашавме како да го стори тоа, но веќе немаше шанси. Едноставно, Гаги во тие денови не препознаваше никого. Милена подоцна ни кажа дека никогаш во животот не разговарала со таква паметна личност како Новак. Тој дури и ѝ дал совет, а во исто време сакал да ја утеши. Три дена потоа Драган почина“, се присетил Арменулиќ.

 

Scroll to Top