Драгана го истетовирала името на Рада Манојловиќ

Драгана е голем фан на Рада Манојловиќ, а тоа го покажала и со тоа што го истетовирала името на српската пејачка на својата рака.

Младата девојка била воодушевена од крајниот резултат, па фотографијата со новата тетоважа ја споделила на социјалните мрежи.

Пејачката, кога ја видела фотографијата, како што самата изјавила, била во шок. Рада во шега изјавила дека ќе ја убие Драгана затоа што дозволила да се боцка со игла, но, од друга страна, објаснила и дека ѝ е големо задоволство што некој на својата кожа го носи нејзиното име.

„Драга моја Драгана, навистина ќе те убијам! Навистина не требало да се боцкаш поради мене, но повторно ќе кажам дека ми е огромна чест и привилегија што некој сака да го носи моето име на себе, на својата кожа“, напишала Рада.

„Секогаш сум знаела дека сум ти мотивација и дека сум ти влевала храброст и верба, но сега навистина ме трогна затоа што сфаќам дека твојата љубов кон мене и кон она што јас го разбудив во тебе е многу поголемо од она што сум го мислела. Многу те сакам и фала ти што со своите постаки и љубов го покажуваш тоа. Докажуваш дека моето однесување и моите зборови за многумина може да бидат идол и мотив за постојана борба“, порачала пејачката Рада.

Младата девојка на Манојловиќ ѝ порача дека ваквиот потег е ситница.

„За мене тоа е ситница, вистинска ситница! За тебе животот би го дала, боцкањето е мала нула! Тебе ти благодарам“, одговорила Драгана.

 

Scroll to Top