Драгана Мирковиќ се разведува по 23 години брак: „Направив сѐ за да ја спасам нашата заедница“

Пејачката Драгана Мирковиќ (56) објави дека се разведува од сопругот Тони Бијелиќ (51) по 25 години брак.

Во соопштението за медиумите, таа објави дека чувствува морална обврска да сподели информации за нејзиниот развод со јавноста. Пејачката вели дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно три години. Иако се обидела да го спаси бракот, вели дека тоа не било можно.

„Мојот однос со Тони веќе подолг период не е како што беше, и практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив веќе три години. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но со текот на времето тој јаз стана се поголем и сфатив дека повеќе им нанесувам штета на моите сакани со тоа што насилно останувам во нешто што долго време не функционира… изјави Мирковиќ во својата официјална изјава и додаде дека секогаш ќе има почит кон својот, сега веќе поранешен сопруг, како кон таткото на нејзините деца и кон личноста со која поминала многу убави години.

Scroll to Top