„Дубиоза колектив“ со хорор-спот го најави новиот албум

Босанскиот бенд „Дубиоза колектив“ објави спот за песната „Кафана“. Ова е прва песна од претстојниот албум, кој треба да излезе на почетокот на следната година.

Пиказната е сместена во типична локална кафана каде искусна кугерска екипа подготвена го очекува почетокот на зомби апокалипсата. Спотот е направен како хорор-филм, иснпирирани од периодот на пандемијата.

„Песната ‘Кафана’ настана за време на најстрогиот локдаун, кога поради објективни околности не можевме да седнеме на шанковите во нашите омилени угостителски објекти. Болката и фрустрацијата предизвикана од овој недостаток ја претворивме во емоционална моќ – фолк балада – која испраќа силна порака за тоа колку кафаната, како основна алка на човечкото општество, ни недостасуваше за време на пандемијата“, велат членовите на бендот.

Ја објаснија причината поради која одлучиле да снимаат како велат хорор-спот.
„За да го илустрираме ова застрашувачко искуство, единственото соодветно решение беше жанрот на хорор-филмови, па дури и таквото застрашувачко сценарио не му е ни до колена на вистинскиот хорор што го почувствувавме“, додаваат тие.

Видеото го режираше Ирфан Авдиќ, а Мирослав Лакобрија беше задолжен за застрашувачки убедливите зомби маски. Покрај членовите на бендот, во главните улоги се појавуваат и Марио Дрмаш, Едис Билиќ, Марко Шелиќ-Марчело, Алмир Курт Кугла и Мона Муратовиќ.

Scroll to Top