Душко 30 дена не смее да ѝ се приближува на Карлеуша, реши судот во Белград

Првиот основен суд во Белград му ја продолжи за уште 30 дена забраната на Душко Тошиќ да ѝ се приближува и да комуникација со сопругата Јелена Карлеуша, соопштија од судот за Танјуг. Ова доаѓа откако пејачката го пријави фудбалерот за семејно насилство на Божиќ.

Тошиќ на 7 јануари доби 48 часа забрана од полицијата, бидејќи ѝ удрил шлаканица на сопругата. Обвинителството предложи да се продолжи оваа мерка, а судијата го усвоил предлогот, па сега Душко не смее да комуницира со Јелена до 8 февруари.

За потсетување, откако пејачката пријавила дека сопругот е насилен кон неа, полицијата отишла во нејзиниот дом, но Јелена одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава. Неофицијално, причината за караницата што завршила со шлаканица, е бидејќи Душко побарал развод.

Судската мерката на фудбалерот му е изречена согласно Законот за спречување семејно насилство.

Карлеуша за Божиќ го пријавила Душко за семејно насилство

Scroll to Top