Карлеуша за Божиќ го пријавила Душко за семејно насилство

Српската пејачка Јелена Карлеуша наводно го пријавила својот сопруг, Душко Тошиќ за семејно насилство, пишуваат српските медиуми.

Тој наводно ѝ удрил шамар за Божиќ, а таа потоа одбила медицинска помош. Пред нејзиниот дом дошла и полиција. Ова не е првпат Јелена да го пријави фудбалерот во полиција. Според нивни блиски извори, таа и пред 2 години рече дека сопругот психички ја малтретирал и дека и ја виткал раката.

Тошиќ ги негирал обвинувањата и рече дека се скарале заради некои несогласувања во бракот, а Јелена тогаш не повика Итна помош и не сакаше да го пријави во полиција.

За потсетување, Јелена и Душко се во брак од 2008 година и ги имаат двете ќерки Атина и Ника.

Scroll to Top