Душко Тошиќ ѝ купи на Карлеуша куќа од 2,5 милиони евра

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ купија куќа во Белград, за која фудбалерот, како што пренесуваат медиумите, искешира околу два и пол милиони евра.

Јелена оваа информација ја потврдила пред новинарите

„Купивме многу убава нова куќа. Наскоро ќе се преселиме таму. Во моментов ја средуваме, а треба да ни стигне и мебел од странство. Јас сум му многу благодарна на мојот сопруг затоа што сè што јас имам заработено го потрошив на крпи“, изјавила Јелена.

Новиот дом на Тошиќ има дури пет бањи и огромен двор, а интересно е дека Јелена и Душко имаат секој своја бања затоа што, како што вели Карлеуша, тоа е тајната на среќен брак.

Во новиот дом на Дедиње, Јелена и Душко ќе се вселат на крајот на ноември.

 

 

Scroll to Top