Пејачот Жељко Јоксимовиќ на 23 декември ќе одржи два концерта во МОБ во Скопје. По распродадениот прв концерт, организаторите „Прагма продукција“ најавија втор концерт истата вечер. Првиот концерт ќе почне во 19 часот, а вториот е закажан за 22 часот. Жељко доаѓа во Скопје доаѓа со својот предновогодишен проект „Два света“.
Јоксимовиќ првпат го претстави проектот „Два света“ пред македонската публика пред две години, кога одржа четири последователни концерти во МНТ. Песните се со сосема поинаков звук и нови џез, соул и блуз аранжмани, а Жељко на сцената ќе го придружуваат повеќе од 40 музичари.
Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба.