Српската печајчка Едита Арадиновиќ, која се прослави со групата „Министарке“, неодамна во интервју призна дека на свјот поранешен дечко му ги искршила автомобилот и станот затоа што била бесна. Таа тврди дека за ова имала добра причина и дека тој е свесен оти згрешил, па затоа не ја пријавил во полиција.
„Имав излив на бес, но бев целосно во право, бев повредена. На поранешното момче му го искршив автомобилот. И цел стан му го растурив, му ги фрлав работите од третиот кат преку прозорецот. Да имав време, најверојатно, ќе му ги сечев алиштата со ножички, уште повеќе ќе искршев, но не стигнав“, раскажала Едита.
Таа во интервјуто рекла и дека нема среќа во љубовта, односно дека мажите не ѝ приоѓаат.
„Не знам зошто е тоа така, но мене мажите не ми се додворуваат. Ама за сега не се бунам, и вака ми е добро“, додала пејачката, која публиката ја памти и од шоуто „Твоето лице звучи познато“.