Популарната пејечка Емина Јаховиќ имала сообраќајна несреќа во Белград, но демантира дека е повредена и дека е во болница.
„Драги пријатели, само да ве информирам дека се чувствувам добро по судирот со автомобил и дека животот не ми е во опасност, како што пренеле некои медиуми. На снимање сум во Белград, иако и понатаму сум во шок вечерва ќе морам да работам. Ви благодарам на поддршката“, напишала Емина на „Инстаграм“.
Пејачката во моментов го снима видеото за својата нова песна. Таа периодов беше актуелна по разводот со сопругот Мустафа Сандал и по новата врска со турскиот милионер Седетин Садан.