Пејачката Емина Јаховиќ во емисијата „Ексклузивно“, призна дека повеќе не е во врска со турскиот милијардер Садетин Саран. Емина вели дека зад себе имала бурен период.
Прво се развела од својот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал, па нашла нов дечко, турскиот милијардер Садетин Саран, раскинала и со него, па повторно сè смирила. Но, сега како изгледаат работите, таа повторно е слободна.
„Ја раскинавме таа врска. Тоа веќе е завршена работа. Ставивме точка на тоа. Тоа ми изгледаше како малку побрз период после брак. Имавме мимолажење и различни мислења за начинот на живот. Се разделивме како приајтели и останавме во добри односи. Ние сме возрасни луѓе. Сега сум сама, слободна и посветена најмногу на семејството и својот бизнис“, изјавила Емина.
Емина изјави дека многу работи истрпела додека била во врска, но вели дека тоа е составен дел од животот.
„Имав многу бродоломи, а тоа може да се види и низ моите песни. Можеби делувам така среќно, но во мене постои нешто друго. Јас сум едноставно живо суштество, можам да поднесам многу од сè. Проблемите сè составен дел од животот. Животот е способност со него да сè носиш“, изјавила пејачката.