Емотивни фотографии на Брена за роденденот на починатата мајка

Фолк-ѕвездата Лепа Брена сподели неколку емотивни фотографии од својата мајка, која почина пред пет години. Со фотографиите таа потсети дека вчера бил нијзиниот роденден. Ифета Јахиќ почина во 2014 година, а популарната пејачка напиша „Ми недостигаш, те сакам. Среќен роденден, мајко моја“ .

Лепа Брена неколку пати досега зборувала за нејзината мајка и дека таа била една од најважните личности во нејзиниот живот, дури и посвети албум со севдалинки кои таа ги сакала.

Во неколку интервјуа досега пејачката раскажала дека кога била на почетокот од кариерата нејзината мајка ѝ шиела гардероба за настапите.

Брена на својот роденден во 2010 година остана без нејзиниот татко Абид, кој почина во болница во Тузла од последици од сообраќајна несреќа.

Scroll to Top