Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam на 29 март доаѓа во Скопје

На 29 март во клубот Станица 26 ќе гостува еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот.

Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.

Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Влезните билети се пуштени во претпродажба во 3 категории, а публиката може да ги набави преку продажната мрежа на Купикартизасе.

На врата: 600 мкд

Scroll to Top