Филм за Тесла во трка за Оскар

Документарниот филм „Народот на Тесла“, во режија на Жељко Мирковиќ, би можел да влезе во конкуренција за наградата Оскар.

Целокупната документација е поднесена до Американската филмска академија и во наредните денови екипата очекува официјална потврда за признание во категоријата за долгометражен филм во 2020 година.

Филмот е работен во продукција н „Оптимистик филм“ и „РТС“и веќе имал успешна премиера во Бостон, Кливленд и Питсбург, а наскоро се очекува да биде прикажан и во Вашингтон, Чикаго, Сан Франциско, Торонто.

Жељко Димиќ

Филмот претставува патување низ минатото и сегашноста на еден народ. Од стапнувањето на првиот Србин на американско тло, пред повеќе од 200 години, па до денешен ден.

Низ приказната, покрај истакнати Срби, како Никола Тесла и Михајло Пупин, публиката може да се запознае и со трикратниот добитник на Пулицерова награда Волт Богдановиќ, Гордана Вуњак-Новаковиќ, една жена која е член на Академијата на науки во Њујорк, српски инженери творци на програмата „Аполо“ и многу други.

Жељко Мирковиќ

Во филмот може да се слушне приказната и за првиот Србин во Америка Џорџ Фишер, кој бил спасен од рибари, по кои и бил крстен. Никола Тесла во филмот ќе го игра американскиот актер Жељко Димиќ, кој неодамна беше ограбен во Белград, додека играл во една од своите монодрами.

Жељко Мирковиќ е режисер, продуцент и професор на филм и дигитални медиуми во САД. Завршил во Академијата на уметности во Белград и мастер студии за медиуми во Велика Британија. За своите филмови освоил 54 интернационални награди.

 

 

Scroll to Top