Филмот „Тома“ за кој наголемо се зборува доаѓа во кината во Македонија

Флмот „Тома“ во режија на Драган Бјелогрлиќ од следната недела  ќе се прикажува во македонските кино сали. Првите проекции во Скопје се закажани за 16-ти и 17-ти октомври во Синаплекс и во Млениум. На 18-ти октомври пак е првата проекција во 3Д Кино Битола.

„Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија. Ова е приказна за достигнувањето неочекувани висини на популарноста, но и на дното на животот. Ова е приказна за душата.

Scroll to Top