(Фото) Александра Пријовиќ во мини фустан го покажа трудничкиот стомак

Александра Пријовиќ гостуваше во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, и покрај советите од лекарите до Нова година да ги откаже сите настапи.

Српската пејачка со нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ наскоро очекуваат принова, а само ден откако објави дека ги откажува сите настапи, таа присуствуваше на снимање во емисијата кај Саша Поповиќ.

Пријовиќ која во поселдниот период може да се забележи во црни комбинации кои и го покриваат стомакот, овој пат на снимањето реши да се појави во краток црно-бел фустан, кој иако беше широк, не успеа докрај да го сокрие трудничкиот стомак.

Александра на сцената се појави во креација на „Диор“, и предизвика вистинско воодушевување кај публиката. Пејачката покажа дека сеуште зрачи со позитивна енергија и за момент не ја симнуваше насмевката од лицето.

   

Scroll to Top