(Фото) Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер уживаат во луксуз во пентхаус во Чикаго

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ заедно со нејзиниот сопруг фудбалерот Бастијан Швајнштајгер во моментов живеат во Чикаго, во апартманот во хотелот „Валдорф Астори“, кој има поглед на езерото Мичиген.

Според неофицијални информации, изнајмувањето на овој апартман вреди околу 30 000 евра, а во случај на продажба, сопствениците би заработиле неверојатни 10 милиони евра. Пентхаусот се состои од дневна соба, семејна соба, трпезарија, а во станот има пет бањи кои се опремени со најмодерни елементи.

Во нив има по две лавабоа, две туш-кабини, а нивната вкупна површина изнесува околу 230 квадрати.

Scroll to Top