Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ на социјалните мрежи се пофали со фотографија од нејзината нова тетоважа, која ја направила за потребите за снимањето за разни едиторијали.
Ќерката на Цеца вели дека тетоважата на вратот ќе биде само привремена, додека поминат фотосесиите. Со новата тетоважа Анастасија го украде вниманието на социјалните мрежи и преку ноќ доби 40.000 лајкови и коментари.
Анастасија неодамна беше во посета на Париз каде потпиша договор за соработка со познат моден бренд. Извор близок до пејачката вели дека договорот бил потпишан на крајот на минатата година, но поради желбата на Анастасија и дел од клаузулите во договорот, името на компанијата засега не е објавено.