(Фото) Aнтитерористичка единица интервенирала пред настапот на Цеца во Црна Гора

Пејачката Цеца Ражнатовиќ викендов имаше настап во Црна Гора. Пејачката имаше свирка во рестоарн во местото Улцињ, а организаторите претходно побарале местото да биде прегледано од антитерористичка единица за да се уверат дека сè е во ред.

50 припадници на единциата со кучиња го провериле ресторанот и плажата во близина каде настапила пејачката. На кратко бил затворен и ресторанот во кој Цеца настапила. Пејачката не барала посебни безбедносни мерки, а концертот бил распродаден и имал голем интерес.

Scroll to Top