(Фото) Атрактивна Индонезијка го освои Стефан Живојиновиќ

Пејачот Стефан Живојиновиќ во моментов одмора на индонезискиот остров Бали каде друштво му прави атрактивна Индонезијка. Медиумите пишуваат дека синот на Брена на егзотичната дестинација отпатувал за венчавката на еден од неговите другари, но целото слободно време го минувал со мистериозната девојка.

Стефан во пресрет на забавата споделил фотографии со своите обожаватели како го минува слободното време во индонезискиот рај, а меѓу фотографиите се појави и селфи од него и Индонезијката, за која фановите го прашувале, но и коментирале дека веројатно станува збор за неговата идна љубов.

Scroll to Top