(Фото) Беквалац го украси домот за роденденот на Катја, фановите коментираат дека изгледа како во бајка

Пејачката Наташа Беквалац го прослави третиот роденден на нејзината ќерка Катја. Таа сподели фотографии од нејзиниот дом, кој изгледа како во бајка, коментираат фановите.

С е украсено. Има балони, корнети, шатор и торта со името на славеничката. Дури и кучето носи капа со натпис „Среќен роденден“.

„Мојата Кети денес го слави третиот родеден. Денес за нас е голем ден. Екипата е подготвена и ја чекаме Кети да се разбуди“, напиша Беквалац под сликите.

Честитки за роденденот Кети доби и од нејзината тетка, сестрата на Нашата, Кристина.

„Кети моја, секогаш да останеш така своја, посебна преубава, паметна и да ја малтретираш мама како што таа ме малтретираше мене. Да знаеш дека твојот братучед ќе биде тука да чува секогаш“, напиша Кристина, и сподели фотографија од нејзиниот син Ное и Катија.

 

Scroll to Top